Катерина Велика: Кралица вљубена во еротиката

Катерина Велика е една од историските личности чиј живот и политичка моќ честопати биле причина за големи скандали. Таа има репутација покровител на уметноста, литературата и образованието, но е позната и по нејзините дванаесет добро документирани љубовни афери, неколку вонбрачни деца и ексцентрични гестови, како што е донирање 1.000 селани за слуги, на еден од нејзините љубовници.
Катерина Велика е родена како принцезата Софија Фредерика Августа фон Анхалт- Цербст на 2 мај 1729 година во Шчечин, Прусија, во средно германско кнежевско семејство кое било во сродстсво со шведските кралеви Густав III и Карл XIII. Таа беше кралица на Русија од 1762 година до нејзината смрт во 1796 година.

Но и по 150 години од смртта, таа ја бранува јавноста со една легенда, која не е докажана дали е вистинита. Имено во текот на Втората светска војна, поточно во 1941 година, германски војници нашле една добро скриена тајна просторија во палатата палатата Гацина, недалеку од Санкт Петербург, која била полна со еротска уметност, дрвени фалуси и многу непристојни парчиња мебел. Меѓу нив се масата со постоље од четири ерективни фалуси и стол со резби на кои се прикажани пениси и вагини.

Наместо да ја ограбат или да ја запалат просторијата, како што е често случај во вакви ситуации, германските војници ги фотографирале своите откритија. Подоцна сепак собата била запалена од Германците и еротскиот мебел на кралицата Катерна Велика бил уништен.
Но пред неколку години, французинот Доминик Роател (на фотографијата е со сопругата) се нафати повторно да го реконструира еротскиот мебел на кралицата, работејќи според фотографиите кои ги сочувале германските војници. Поради деталната резба, за секое парче мебел потребни му се по минимум две години и повеќе од 2500 часа работа.
Нивните цени соодветно се високи – масата со фалусите може да биде ваша за 169 илјади американски долари, а столот за 369 илјади американски долари.
А дали вреди да се дадат толку пари, за нешто за кое не сте сигурни дека е со историска вредност, проценете сами.

chevron-right chevron-left

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e