Како да препознаете дека некој ве лаже?

Можеби зборовите можат да ве доведат до заблуда, но она што го издава дури и најдобриот лажго е неговиот говор на телото.

Постојат одредени ситни движења кои личноста ги прави сосема несвесно, но вас ви даваат јасен знак дека нешто крие од вас, во овој случај вистината.

Станете вистински детектор на лаги, со следење на следниве знаци:

Тикови – тие се типичен знак на нервоза. Личноста која лаже ќе тресе со нога, ќе ја влече косата или ќе повторува одредени движења со рацете и прстите.

Оддалечување – потсвесно, личноста која лаже сака да биде што подалеку од оној кој ја слуша лагата, макар и малку да ја зафрли главата наназад.

Мрдање со уста – ако личноста спроти вас ги стега усните или ги испакнува, значи дека чува нешто во себе и не ви го кажува.

Бришење раце – ако прават гестови слични на движењата при миење раце или бришење од облеката, тоа значи дека сакаат да ги измијат „нечистотиите“ од себе.

Тешко издишување – длабокото воздивнување е типично за лажговците, а и така добиваат на време да смислат подобар одговор.

Гризење усни – ова е знак на нервоза и несигурност, како и тик кој често го имаат лажговците.

Оближување на усните – поради нервозата на овие лица им се сушат усните, па мора често да ги оближуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e