Избегнувајте омекнувач за овие ткаенини

Кога сакаме на облеката да ѝ дадеме убав мирис и мекост, користиме омекнувачи. Тие навистина ја омекнуваат ткаенината, го редуцираат статичкиот електриците и додаваат пријатен мирис. Но има и ткаенини кои не смеат да се третираат со омекнувач.

1. Ткаенини од микровлакна – благодарение на цврстите испреплетени влакна, ткаенините од микровлакна се многу издржливи и имаат одлични впивачки својства. Ако ги третирате со омекнувач, полека ќе ја уништите нивната ефикасност и ќе им го скратите рокот на траење на влакната.

2. Спортска облека – поголем дел од спортската облека технолошки е прилагодена за да издржи силно потење, да ја впива потта од кожата и да ве лади во тек на физичката активност. Омекнувачот на нив остава слој кој го спречува процесот на апсорбција на телесните течности.

3. Облека од незапалливи ткаенини – многу работнички одела со причина се направени од посебни ткаенини отпорни на пожар, а штитат од оган на местата каде е најголемата изложеност на потенцијален пожар. Не ги треирајте со омекнувач бидејќи тој негативно влијае на нивното својство на отпорност на оган и на крај ги прави запалливи.

4. Пешкири – сите сакаме меки и миризливи пешкири, но омекнувачот ја спречува нивната главна функција – апсорпција. Баш како и кај спортската опрема, омекнувачот на пешкирите остава тенок слој „восок“ поради кој не ја впиваат водата како што треба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e