Идеја за ручек: Пилешки шницли во бел сос

Состојки:

– 600 гр пилешко месо
– 3 чешниња лук
– 2 лажици брашно + една кафена лажичка
– 2 лажици презла
– масло, сол, бибер
– листови магдонос
– 200 гр кисела павлака
– малку млеко

Подготовка:

Месото исечете го на шницли и малку исчукајте го со чекан за месо. Додадете сол и бибер.
Измешајте брашно и презла и во него валкајте ги шницлите.
Пржете на тивок оган околу 15 минути.

Шницлите извадете ги во чинија, а во останатото масло ставете 1 лажичка брашно, павлака и добро измешајте.
Додадете го смачканиот лук, сол, бибер и листовите од магдонос. По потреба додадете и малку млеко.

Готовите шницли прелијте ги со сосот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e