(ФОТО) Продаден апартманот на Тито во Њујорк, колку ќе добие Македонија?

Двокатниот луксузен апартман во Њујорк, чија сопственост е на некогашна СФР Југославија, е продаден по цена од 12,1 милиони долари. Парите добиени од продажбата, треба да бидат поделени меѓу земјите наследнички на поранешната југословенска федерација, соопшти српското Министерство за надворешни работи.

Луксузниот апартман има шест спални соби и четири бањи. Тој беше користен од амбасадорите на СФРЈ во САД, а во него престојуваше и поранешниот југословенски претседател Јосип Броз- Тито за време на посетите на Њујорк.

Станот од 1992 година стои празен, а го купила некогашна СФРЈ во 1975 година за сума од 100.000 долари.

Во соопштението на српското Министерство се посочува дека од распадот на СФРЈ, трошоците за одржување на апартманот ги плаќа Србија, па затоа било договорно Белград да добие 40 проценти од сумата по која тој ќе биде продаден.

Средствата од продажбата, според утврденото во Виена, би требало да се поделат и на Хрватска околу 28,49 проценти, на Словенија 16,39 отсто, 13,2 проценти на Босна и Херцеговина и 5,4 % на Република Македонија.

apartman-tito apartman

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e