(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Кралот на ноќните клубови живеел развратен живот: Спиел со над 2 000 девојки и имал 41 година помлада жена

Kралот на ноќните клубови, Питер Стрингфелоу, ја изгуби битката со ракот на 77-годишна возраст. Стрингфелоу се прославил со низа успешни ноќни клубови, но и со својот приватен живот.

Лекарите му дијагностицирале рак на белите дробови во 2008 година, но Питер ги држел здравствените проблеми во тајност.

“Не сакав да ме паметат како беден старец кој имал рак”, изјавил тој во последните денови од животот.

4

 

Имал четири деца и четири внуци
Стрингфелоу имал три брака, а според пишувањата на странските медиуми, тој спиел со над 2 илјади жени. Имал 20 години кога се оженил со првата сопруга Норма Вилијамс во 1960 година. Од тој брак ја има ќерката Карен (54). Со другата сопруга Корал Врајт се оженил во 1967 година и го добил синот Скот (52).

3 2 1
По разводот, Питер бил 12 години во врска со Фризби Фокс, но прекинале поради неговите бројни афери со танчерките во ноќните клубови. Поранешниот модел Хелен Беноист го опишала Стрингфелоу како совршен господин. Таа имала само 16 години кога влегла во врска со него кој тогаш имал 55 години.

“Беше шармантен и заводлив. Сите бевме заљубени во него”, изјавила Беноист.

Неговата жена била 41 година помлада од него
Питер Спрингфелоу се “смирил” кога почнал да се забавува со балерината Бела Врајт која била 41 година помлада од него. Од бракот со Бела ја добил ќерката Росабела (5) и синот Ангел (3).

Стрингфелоу живеел раскошен живот, а често можел да се види во друштво на бројни познати холивудски ѕвезди. Пејачот Бој Џорџ истакнал дека Питер бил голем дел од неговиот живот и имал неверојатен карактер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e