ДОБРИ ИДЕИ: Ова се најпопуларните имиња за 2019 во целиот свет

Декември е месец кога се сумираат впечатоците од изминатата година и се прават листи од секаков тип.

Така, сервисот Baby Center објави и кои се најпопуларните машки и женски имиња во светот за 2019 година. На врвот и понатаму е женското име Софија, кое има грчко потекло и значи мудрост. На второ место е Оливија, но и варијациите како што е Оливера, со преносно значење „онаа која носи надеж“.

Во листата на најпопуларни женски имиња се најдоа и: Ема, Арија, Изабела, Миа, Лејла, Зои, Лили, Луна, Ела, Емилија, Маја, Нора, Исла, Хана, Аријана, Елена, Сара, Викторија, Бела и Зара.

Меѓу машките имиња најпопуларни се: Лајам, Ноа, Лука/Лукас, Оливер, Себастијан, Александар, Матео, Бенјамин, Лео, Габриел, Давид, Антонио, Адријан, Езра, Доминик, Каи и Роман.

Многу од овие имиња имаат адаптации на повеќе светски јазици. Ако очекувате бебе, сигурно може да ви послужат како идеја кое име да го добие.

Ознаки: , , ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e