Дами, вакви мажи заслужувате според хороскопскиот знак

Забавувајте се со овој интересен љубовен хороскоп, со кој ќе откриете каков маж ви одговара според тоа во кој знак сте родени.

Овен – интелигентен

Жените Овни се рационални и независни мислители. Сакаат маж со кој ќе водат интелектуални разговори бидејќи навистина немаат време за губење на ситници.

Бик – маж со силна волја

Биковите сакаат да паѓаат на слабости. На жената Бик ѝ е потребен романтичен партнер кој се труди да ја привлече, но и да ѝ се допадне.

Близнаци – искрен

Близнаците се авантуристи, кои често сакаат да прават од мравка слон. Нив им треба партнер на кој ќе можат отворено да му кажат што им пречи во врската.

Рак – добродушен

Раковите се добри и чувствителни, па затоа и си бараат некој сличен на нив, за кој можат да бидат сигурни дека нема да ги повреди и злоупотреби.

Лав – флерт

Лавиците сакаат да освојуваат, особено мотивирани и лојални мажи. Сакаат забава, па нивниот партнер треба да биде спремен да флертува со нив дури и откако ги освоил.

Девица – трпелив

Девиците се паметни и мистериозни, но и затворени. Нив им треба трпелив маж кој нема да им се лути затоа што не се отвораат уште во првите неколку дена.

Вага – верен

Вагата колку и да балансира, нејзината природа е нестабилна. Верен маж совршено ја надополнува тврдоглавата и неодлучна Вага и ги истакнува нејзините квалитети.

Скорпија – страствен

Скорпиите се многу секси и страствени, сензуални и ретко размислуваат за последиците. Тие бараат слична таква личност со која ќе изградат емотивна врска.

Стрелец – сензуален

Жените Стрелци се безгрижни и сакаат да пробуваат нови нешта. Лесно „паѓаат“ на мажи со смисла за хумор, кои не ги заморуваат, туку ги опуштаат со своето присуство.

Јарец – трудољубив

Јарците се зависни од работата и кариерата, па затоа им е потребен внимателен маж, кој во исто време им нуди и љубов и смеа, но и сигурност.

Водолија – атрактивен

Водолиите сакаат покрај себе да имаат шармантен и страствен маж, кој е многу дружељубив, но и им помага да ја подигнат и одржат самодовербата.

Риби – романтичен

Рибите се емотивни и не дозволуваат некој да ги навреди. Сакаат чувствителен и промислен маж покрај себе, а особено ги ценат неговите романтични гестови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ