Трагедија: Бугарскиот фудбалер Марио Метушев го заклал својот другар

Поранешниот бугарски фудбалер, Марио Метушев го убил својот најдобар пријател со нож по што се обидел да се самоубие. 39-­годишниот Метушев, кој има над 200 настапи во бугарската прва лига како фудбалер на Пирин – Гоце Делчев, Пирин Благоевград, Ботев, Черно Море и Черноморец.

Како што јавија бугарските медиуми, Метушев по жестока расправија со својот пријател Краси Колџиев – ­Ѕембо пред неговиот дом, го заклал неговиот пријател со нож. Кога сфатил што направил, тој го свртел ножот кон себеси и тешко се повредил, а сега се се наоѓа во болница во тешка состојба.

39­годишниот Метушев последните две години беше тренер на локалниот нисколигаш Места Хаџидимово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e