Без влакна на јазикот: Жени ги открија вистинските причини зошто се забавуваат со постари мажи

Неколку припаднички на понежниот пол ги откриле вистинските причини поради кои се забавуваат со постари мажи, а парите и сигурноста која ја чувствуваат покрај нив секако е предност.

Вечно прашање е зошто жените отсекогаш ги преферирале постарите мажи, а сега неколку од нив одлучиле да дадат одговор на тоа прашање.

Какви години?
„Не мислам дека е страшно што моето момче е 15 години постаро од мене. Кога ќе ги поминете дваесеттите, годините повеќе не се важни во врските и односите. Навистина не се. И покрај разликата во години, ние секогаш имаме теми за разговор и животите ни се многу слични. Ако не кажам колку години има, луѓето мислат дека разликата помеѓу нас е можеби пет години бидејќи тој изгледа помладо“, вели 34-годишната Дебора.

Ме мотивира
„Јас имам 21 година, а тој 33. Наскоро ќе дипломирам и ќе барам работа. Тој е програмер во една фирма. Јас и понатаму се обидувам да се напијам за викендите за помалку од 10 долари, а тој излегува во клубови и нарачува шишиња пијалок. Речиси немаме ништо заедничко, но тоа ми се допаѓа. Поинаков е од мене и од моите пријатели во позитивна смисла и ми помага да сфатам дека морам да се фокусирам на кариерата откако ќе добијам диплома. Нему му се допаѓа што сум млада, забавна и динамична“, вели 21-годишната Кара.


Посигурна сум
„Забавувањето е добра идеја ако барате некој кој е зрел. Ми се допаѓа моето момче иако сме заедно само 3 месеци, бидејќи се чувствувам сигурно и пријатно покрај него. Кога се забавував со момци на моја возраст морав сама да ги плаќам вечерите, концертите и впрочем, нивните животи. Со моето ново момче повеќе и не го носам паричникот со мене“, вели 23-годишната Ешли.

Привлекуваме внимание
„Кога моето сегашно момче ми се додворуваше, јас го одбивав со зборовите дека изгледа како да ми е татко. Постар е од мене само 11 години, но сепак! Полека нашето пријателство достигна ново ниво и еве сега сме во врска веќе две години. Повеќе ни тоа не е чудно, но тоа не ги спречи луѓето чудно да не` гледаат кога одиме по улица“, вели 25-годишната Криста.


Парите не се проблем
„Се забавувам со некој кој е речиси 20 години постар од мене, а нерадо признавам дека најмногу ме привлече тоа што има пари. Не се работи за пари кои се стекнати на брзина и кои сака да ги потроши на глупости по секоја цена, туку станува збор за посветен начин на живот. Го сакам таквиот вид на сигурност и самата помисла дека покрај него парите никогаш нема да ми бидат проблем“, вели 33-годишната Мери.

Помалку драма
„Мојот совет за девојките е да се забавуваат со некој кој е постар од нив. Тоа е моето златно правило во љубовта. Сакам да се забавувам со постари мажи бидејќи има многу помалку драма во приказната. Сите кажуваат што мислат и како се чувствуваат. Има многу помалку кавги и непредвидени ситуации. Моето сегашно момче е 10 години постаро од мене“, вели 31-годишната Џеки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e