Чантата „The Pouch“ на италијанската модна куќа Ботега Венета е апсолутен моден хит за оваа сезона, а по неа лудуваат многу инстаграм-инфлуенсерки.
На овој модел кој чини 2.100 евра не можеше да му одолее Софија Вергара, но и балканската пејачка Ана Николиќ. Оваа чанта всушност, не е ништо посебно, наликува на обична вреќа, а е достапна во шест бои.
Како што ја опишуваат инстаграм-инфлуенсерките, чантата е изработена од мек материјал, кој на рака го чувствуваат како облак.
Ана Николиќ има беж варијанта на чантата, а Софија Вергара кафеава.