Кои хороскопски знаци се најуспешни?

Доколку некогаш се прашувавте дали успехот ви е запишан во ѕвездите, одговорот е: Да.

Како што пренесува магазинот Cosmopolitan, една американска страница спровела истражување за да дознаат во кој хороскопски знак се родени најбогатите луѓе на светот.

Овие три знаци се на врвот на листата:

Лав

Меѓу 100 милијардери на листата на Форбс, дури 14 се родени во знакот лав. Лавовите важат за многу способни и одважни личности кои, доколку видат потенцијал во нешто, ризикуваат, што ги носи до високи позиции и убави бројки на сметката.

Вага

На истата листа, 11 личности се родени во знакот вага. Иако во животот тежнеат за баланс, вагите се подготвени да жртвуваат одреден сегмент од животот и да се посветат на работата со цел да се осигураат себе и својата фамилија.

Водолија

Водолиите се изразено амбициозни и оптимистични личности. Понекогаш знаат да избрзаат и да се изгорат, но нивната самодоверба и желба а успех често ги носат до надпросечен живот. Инаку, на листата на Форбс исто така има 11 водолии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e