За одговорноста и притисокот на јавноста

По пожарот во болницата во Тетово кој одзеде 14 животи, од секаде ечи зборот – одговорност. Јавни личности од политиката, медиумите, од економскиот и општествениот живот, инфлуенсери на социјалните мрежи – сите зборуваат за одговорност. И со право. Одговорност треба и мора да има.

Но, каква и на каков начин? По принципите на демократијата, правото и правдата, или по оние на сезнајната толпа за линч на социјалните мрежи?

Дали овие луѓе, општествени групи и структури бараат одговорност со намера да му помогнат на општеството да најде чаре за ваква трагедија да не се повтори, или пак за да остварат некаква друга цел, лична или партиско-политичка добивка?

Многумина велат: да беше ова нормална земја, одговорните во ресорот би поднеле оставки веднаш, дури и да немаат некаква вина. И така е. Но, исто така, стои еден неоспорен факт: Оваа земја одамна не е нормална. И тоа, по многу параметри.

За да стане нормална, во неа, после долги години неодговорност и неказнивост, допрва треба да се воспостават стандарди на одговорност. А тие стандарди подразбираат силни автономни механизми и стручни институции, луѓе со интегритет и независни од партиски диктат, кои ќе ги лоцираат прецизно и брзо и индивидуалните, и системските грешки, и одговорните за нив.

Во оваа смисла, актуелната власт може да рече дека има многу примери за оставки, разрешувања, па и кривична одговорност и притвори за актуелни функционери. Но, исто така, во дел од јавноста има впечаток дека дел од овие примери се последица на јавен притисок, или биле задоцнети и изнудени. Или, накусо кажано, можеби сме тргнати на пат кон нормална држава, ама често пати и институциите, и општеството, ја буткаат колата „на мускули“.

А каде има подобар потсетник за тоа како функционираше (не)одговорноста претходно, од моментите кога за одговорност слушаме дури и од устите на оние што беа дел од претходната „безгрешна“ структура на власт? Најгласно бараат одговорност оние, за кои тој збор беше непозната именка, а кои, наспроти тоа, промовираа и инсталираа цела општествена и системска култура на – неказнивост.

Најилустративен пример за тоа е барањето одговорност кое дојде дури и од Никола Груевски, осуденик што избега во Будимпешта од пресуда и одговорност, човек што ја пеплоса и ограби земјата бескрупулозно и крајно – неодговорно. И? Доби многу лајкови и пофалби од партиските војници. Што повеќе да се каже.

Целата колумна на Петрит Сарачини за Цивил Медиа на слениот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e