И Трамп постојано лажеше, па гледаме до кај стигна

Видовме како Трамповиот државен проект за борба против вистината, што во целост ја поткопа довербата во американските институции кај неговите милионски поддржувачи, трагично им се сруши на сите Американци врз глава со неодамнешниот акт на домашен тероризам изведен со нападот на Конгресот.

Што се поуките за сите нас од оваа несреќна епизода во долгата американска историја на демократијата?

Парадоксално, за нас големи поуки нема, бидејќи ние „предварително“ поминавме низ декадата на груевизмот, пред Американците да ги искусат четирите години на трампизмот.

Но, кај нас, во цел еден партиски „сектор“ на опозицијата, сè уште трае инерцијата на политички планираната, организирана, финансирана и спроведувана операција за тоа лагата да стане општествена политичка норма. Проблемот со долгогодишното систематско лажење – тој „капка по капка“ систем на морална корозија – е што произведува долготрајна општествена „нормалност“, со свои паралелни институции, со медиуми, со квази-институти, со своја армија Фејсбук-ботови, со елити кои лично инвестирале во лагата и, конечно, со своја „отруена“, „паралелна“, игнорантска јавност.

Не е мал предизвикот како тој дел од општеството да се „кооптира“ во нормалните демократски текови. Очигледно, решението мора да биде низ повеќе, а не низ помалку демократија, што подразбира „елитата на лагите“ продолжително да се дискредитира низ демократски, фер избори, токму како што тоа му се случи на Трамп и на соучесниците од Републиканската партија со последователното губење на претседателските, конгресните и сенатските избори во САД.

Практично, ваквата македонска опозиција продолжува да ја остава овдешната демократија без голем избор. Колку повеќе и подолго лажат, толку помали им се изгледите во догледна иднина да се вратат на власт.

Целата колумна на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e