Старото и новото

Колку се различни сликите на претходниот и овогодинешниов НАТО самит? Отприлика исто толку различни, како и космополитскиот имиџ кој го еманира Заев, наспроти инаетчиската и застарена слика која ја проектира Радев. Истото важи и за илустративниот контраст помеѓу Заев и Мицкоски, барем последните неколку дена. На една страна имаме имиџ на новото, прогресивното, модерното и светското, а нa другата страна старото, ретроградното, стутканото, тесноградото, малограѓанското. Ова е целосно и дијаметрално спротивставената слика, која ја гледаме последните неколку денови во медиумите.
….
Мицкоски можеби и нема избор: ако бира помеѓу лојалните националисти и лабилните проевропски демохристијани, има логика да ги држи лојалните, а да не се коцка со лабилните, бидејќи нема никаква гаранција, доколку го смени и модернизира наративот на линија на евроатлантските интеграции, како ќе помине кај таа целна група, која сепак, за надворешна политика, повеќе ѝ верува на власта. Оттаму, иако имам разбирање за таа стратегија, таа е толку застарена и толку лошо изгледа во споредба со сликите кои деновиве ги гледаме од Брисел, што мислам дека на крајот ќе ја остави опозицијата во опозиција, и покрај најдобрите напори на власта. Особено што линијата на ново прегрупирање на позитивни и негативни ликови, поттикната од извршната наредба на Бајден, тој контраст дополнително ќе го засили.

Целата колумна на Петар Арсовски за Дојче Веле на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e