Процедурално: Последното обраќање на осудените на смрт!

Еден од убијците на семејството Клатар во Гарден сити, Канзас, САД, во придружба на официјални лица на законот, со бавен чекор се качува на платформата за бесење. Долу е мала и одбрана публика: претставници на државата, на градот, на правосудството, новинари… Му ја ставаат јамката и го прашуваат има ли нешто да каже. Тој вели: сакав нешто да кажам, но, да ме убиете не можам да се сетам!

Неверојатна реплика: дали заробен во неиздржливиот страв, навистина заборавил што сака да каже или го протерал од себе стравот, па во феноменален стил се заебава и со смртта и со законот?!
Веднаш по таа изјава под нозете на монструмот се отвора дупката, тој пропаѓа, се мандали малку во неправилни осмици, па за момент се стресува пред конечно да се смири!
Ова е една од последните сцени во филмот “Капоти”, во кој улогата на познатиот американски писател ја игра бравурозниот Сејмур Хофман. Филмот се темели на вистински настан за кој Капоти пишувал за “Њујоркер” уште додека се одвивала целата драма околу откривањето и процесуирањето на убијците.

Се сетив на оваа сцена додека на фејсбуков ги листав информациите од таканареченото собрание на Република Македонија. Таму имаме една партија и еден лидер, една власт, осудени на смрт, монструми персонифицирани во Грујо, Илче, Антонио, Трајко и во нивното вмродпмне злосторничко здружување и ја имаме преостанатата нормалност која ги прашува, не за тиранската платформа, туку на платформата за бесење, имаат ли нешто за последно да изјават, а тие велат: да, имаме, процедурално, и почнуваат да јадат говна, цел ден, една година, сто години. Во меѓувреме умира македонскиот Капоти, умира нивниот џелат, умира публиката, умира државата, умираат и тие. Затоа што предвидувајки го тажниот крај на својата злосторничка мисија, свесно не ставиле во законот колку може да трае последното обраќање на осудените на смрт.

Се надевам дека еден ден ќе се сними филм за последните денови на вмровските злосторници. Може тоа да биде класична драма, како во филмот ” Капоти”, а може да биде и некаков монтипајтонски или бенињиевски формат.

За разлика од злосторниците од Канзас, убијците на македнската фамилија од два милиона души, на општеството, на државата, на нацијата, не заборавиле што имаат да кажат: уште кога се качуваа кон врвовите на власта и на моќта, тие знаеја што треба да кажат на собраниската платформа за бесење. Нивната идеја беше и е дека парчето од Македонија што нема да успеат да го умрат низ пљачките и другите злодела, ќе го умираат со своето последно гомнојадење, пред и тие да отидат во вечните ловишта.

Но, сметките им се погрешни.
И во смртта покажуваат отсуство на стил и достоинство.
Говорам за политичка смрт, се разбира, макар што знам дека големото мнозинство граѓани-жртви би ја поздравиле и физичката смрт на монструмите.
И неподнослив вишок на патетика.

Со лигавењето без преседан тие не ја убиваат само Македонија туку и македонската претстава за себе, митот го убиваат. Јане Сандански знаел дека ќе го убијат, но не отишол во кориата да се крие, не барал процедурално, не барал реплика, туку заминал да јава пред цевките на убијците затоа што сватил дека неговата кауза е неостварлива. Јане не бил Илче, ниту бил Грујче, Јане бил маж, борец за слобода и совршенство со маани, да не заборавиме.

Второ, Европа се возбудува за македонското прашање на европски начин, не на вмровски начин, односно, се возбудува на категоричен противмровски начин, тие, ги откриваат своите некогашни симпатии како монструми кои мора да се симнат од политичката карта на континентот како што темпирана бомба се симнува од станицата во метрото на кој и да е европски град.
Тоа се пораките од Европскиот парламент, од Европската комисија, од комплетната континентална политика и, дури, би рекол, цивилизација.

Јас мислам дека дури и Рамче и молерот Ацо, ќе почнат да се сомневаат дека биле заведени и заебани. Како што почнуваат да сфаќаат младите луѓе во Србија, во Будимпешта или во Белорусија и во Русија.
Дури и Трамп почна да се ослободува, односно го ослободуваат од идиотите.
Диктаторството и популизмот се пред историски пораз.
На бранот на категоричната европска осуда на злосторниците, на бранот на европското будење против диктаторите и лудаците во власта, на бранот на свеста што се пробива и во карпите на тврдокорните будали, Македонија ќе ги оддува своите лудаци на буништето на историјата, елегантно, грациозно и со стил, без насилство, верувам, тие се тртка околу која е стисната јамката на деемце конецот на нашите мајки и на светот и треба само да почекаме дивото месо да се исуши!
Нивната позиција е инфантилна.
Тие се осудени на смрт и без нова влада и без СЈО!
Тие си се самите на себе и обвинети и осудени и обвинители и судии и егзекутори!

Се разбира, не треба да ги исклучиме и најцрните сценарија на кои предупредува професорот Унковски во своето драматично обраќање на Фејсбук, но јас мислам дека парадата на моторизираната бригада на вмродпмне, треба да ја третираме како фолклорен блеф, дури и ако не е! Стоката може да се радикализира, но нема хемија за да се генерализира. Тоа е така логично. Ние ја имаме таа хемија. Нормалноста ја има таа хемија. На ширењето на таа култура мора да се градат стратегиите на последните операции за ослободување на земјата. Не преку ширење на страв и паника, на резигнација, сега кога сме пред целта. Подршка за Заев!? Оф корс! Баш би сакал да го видам Рамче како и се обраќа на нацијата од собраниската говорница во директен пренос на Шител: ниа решихме да успостајме државен пуќ, аска см шеф на пучо, бе, шо ва ебам!

П.С.

“Да не губиме нерви: или мирен трансфер на власта или нека им е!”
Вели професорот Малевски!
Понеже, тие не се за мирен трансфер на власта, нам ни останува да се помириме: нека им е!
За кој кур да губиме нерви!
Тоа не е гандизан, тоа не е ниту будизам, тоа не е ниту груевизам, ниту колишевизам, тоа е, можеби, политички антидарвинизам, мина во шините на цивилизацијата, неверојатна антихумана позиција, со ваков став кромањонците воопшто не би излегле од пештерите, Македонија никохаш не би била одржавена, многу ми е жал за професорот!
Јас ја почитувам идејата да нема жртви, тоа е претпоставувам водилката на професорот, но алтернативата не е отсуство на жртви, туку многу жртви, комплет жртви, ситуација во која сите сме жртви!
Мирен трансфер, да, но никогаш ” нека им е”, зашто тоа е против мирниот трансфер на власта.
И уште нешто
Повеќе од две третини од 15-годишниците во Македонија се функционално неписмени во читање, математика и природни науки. Додека според запишаните деца во основно и средно образование, земјава е најлоша во регионот исклучувајќи ги Босна и Херцеговина и Косово, за кои нема актуелни податоци.
Тоа се генерации оформени во лабораторијата на вмровското зло!
Невработеноста и функционалната неписменост кај младите го лимитираат македонскиот раст, вели Светска банка.
Ја гледате ли вие оваа платформа, скотови, мајку ви ебам, вмрокретенска!
И на крај:
Утрово во 6.30 му јавив на Трамп за уште три локации од кои се испуштаат нервни отрови против недолжното население: едната е на ритчето Водно, втората е на плоштадот ВМРО, од говњарската шампита од бел мермер, а третата е во таканареченото собрание на Република Македонија.
Човекот ми рече дека ќе види дали има слободни томахавки.
Тоа е, браќа и сестри, јас ви препорачувам да ги избегнувате наведените адреси затоа што имам инсајдерски информации дека томахавките за Македонија веќе се безецирани!

(Колумна на Бранко Тричковски објавена во “Слободен печат”)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e