Пред големата одлука

„Тоа беше најтешкиот ден во мојот живот. За жал, утрото кога се разбудив воопшто не бев свесен за последиците што ќе следат. Рутински ја тргнав завесата и видов раздвиженост на мојата улица, познатата лондонска Флит стрит. Ах, да, луѓето одат на гласање… Капки дожд се лепеа на прозорецот. Го мразев тој многу ситен, досаден дожд, за кој ем ти треба чадор, ем како да не ти треба. Ми создаваше отпор да излезам на такво, лигаво време. Се премислив кога ми се јави Ричард: „Еј, ајде да одиме во новиот паб кај Ковент гарден…“.

„А референдумот?“

„Па, има доволно луѓе што ќе гласаат. Сигурно не зависи баш од нас двајцата…“

Во пабот имаше многу млади кои веројатно, исто така, си мислеле дека исходот не зависи од нив. Имаше такви и на пазарот. И на Трафалгар сквер. И во Хајд Парк. И во Сент Џејмс парк, и во Камден каде што подоцна заминавме на ручек… Оттогаш не сакам да видам ни пилешко во кари, ни темно точено пиво. Ме потсетуваат на оној глупав ручек поради кој заседнав во ресторан и со мака го довлечкав дома мрзливиот задник, полниот стомак и неодговорниот – себе.

Ме потсетуваат дека не излегов на гласање, за на крајот да сфатам колку многу зависело од мене. Од секого особено. Од мене, особено. Тој ден ја пропуштив шансата да испишам историја каква што сакам. Го добив она што не го сакам. Станав губитнички претставник на мојата генерација.

Никогаш нема да си простам. Но, што ми вреди тоа? Каењето нема вредност. Единствено гласот има вредност. Сега многу добро го знам тоа, но немам шанса да го сменам. Затоа никогаш не откажувајте се од својот глас, бидејќи се откажувате од себе и од посакуваната иднина!“

Ова е исповед на младиот Џон Флечер, еден од многуте Британци што се противеа на Брегзит, но од најбанални причини не го кажал тоа пред гласачката кутија. Не случајно, денес граѓани и политичари бараат нов референдум за договорот со ЕУ, со надеж дека ќе ја сменат одлуката за Брегзит.

Граѓаните на Македонија треба да ја имаат предвид оваа поука. Ако на големите и стари демократии им е потребна ЕУ, што да се каже за младата македонска држава, која на 30 септември е пред голема и НЕПОВТОРЛИВА ШАНСА за интеграциска перспектива, стабилност и безбедност?

Секој македонски граѓанин има огромна одговорност, речиси двојно поголема од одговорноста на граѓаните во постарите демократии. Зошто? Затоа што Македонија е веројатно единствената земја во која пред историскиот референдум половина европски државници дојдоа да дадат поддршка за референдумот, а само нејзиниот претседател „патриотски“ си замина од Македонија. Тој срам може да го поправат само зрели и одговорни граѓани, кои ќе рефлектираат многу поголема одговорност и мудрост од оној што го плаќаат од свој џеб и никогаш повеќе да не дозволат да им се случи таков претседателски таксират. Срамно е да имате претседател што дезертира за да „дебатира“ за светски проблеми од говорницата на ОН, а око да не му трепне за најважната историска одлука пред која се наоѓа Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ е иста приказна. Само крајно неодговорна личност може да и порача на јавноста да чека да помине неговиот роденден, за да дознае дали ќе гласа. А ако славеникот „случајно“ е лидер на најголемата опозициска партија, како да им се лутиме на децата што прават аџамиски грешки на 17 години, тотално бенигни и неповрзани со судбината на замјата, за разлика од оние сериозни грешки што ги приредува полнолетниот, ем средовечен Мицкоски. Неговото шибицарење со ставот за референдумот веќе доживува епски димензии. Прочитан е како буквар од Брисел до Вашингтон, се разбира, и благонадежно од Будимпешта до Москва.

Прашајте се зошто во ВМРО-ДПМНЕ не ги интересира зошто странски политичари дошле да дадат поддршка за европската иднина на Македонија, ниту дека со тоа покажале огромна наднационална грижа и одговорност за регионалната и европска стабилност. Во ВМРО-ДПМНЕ нивното доаѓање интуитивно го чувствуваат како заверка на сопственото заминување од важните историски страници на македонската историја

Колумната на Катерина Бажевска во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e