И пописот го прогласивме за „мртво“

Да бојкотираш попис во оваа ситуација, е како да бојкотираш вакцина во ситуација на пандемија, притоа со изговор дека, ете многу се плашиш, кога ќе одиш на вакцина, таму да не те заразат.
Факт е дека ние не знаеме колку сме, кои сме, каде сме, и која ни е демографијата. Ова се потврдува постојано во последните неколку години, преку погрешните генерализации на секое статистичко истражување, непознатата социјална, старосна, економска, етничка, родова, географска и други структури на податоците. Затоа, неопходно е да имаме попис. Покрај своите политички рефлексии, кои се во основа мизансцен на оваа операција, пописот има витална улога во планирањето на распределбата на буџетите и активностите за наредните, најмалку 5, години. Не е исто дали, на пример во Тетово, има 60,000 жители, колку што покажуваат старите податоци (бројките се илустративни), или има 120,000 жители, колку што претпоставуваме дека има денес.

Бројноста, составот и другите параметри за населението, влијаат на тоа дали во одредено место треба да има една или повеќе болници, училишта, подрачни единици на министерства, патишта, колку средства треба да се одвојат за локален економски развој, дали треба да се планираат урбанистички планови со згради или куќи, дали треба да се планира засилено земјоделско земјиште, и безброј други, доста приземни и практични, показатели. Затоа, мислам дека треба да го разбиеме комплексот на манија на гонење по етничка основа: националниот состав на население то, иако е хипер-податлив за политичко шоу, е една од најмалку важните бројки во пописната база, бидејќи на луѓето им требаат училишта и болници подеднакво.
Истовремено, во политичка смисла, ако се исклучи чистата политичка симболика, варијациите во бројките од кои стравуваат политичките партии, нема ама баш ништо да сменат во секојдневна смисла. Со други зборови, дали Албанците ќе бидат 24% или (потоп) 19%, нема ништо да значи во практична смисла. Тие ќе продолжат да ги уживаат идентичните права од Охридскиот рамковен договор во двата случаја, бидејќи, без оглед на резултатите од пописот, веројатноста дека некој ќе сака да ја отвора таа политичка Пандорина кутија, е минимална.
Целата колумна на Петар Арсовски за Дојче Веле на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e