Пописот е неопходен, бројките треба да се знаат!

Пописот е систематски процес на собирање податоци на населението на една земја. За Република Северна Македонија е неопходен и треба да биде спроведен на најдемократски начин.

Исто така, пописот е една од најважните статистички активности преку која се обезбедуваат детални информации за бројот и структурата на населението. Да се знае после 19 години колку население има во земјата и кој е бројот по етнички групи за да се има чиста слика на Географски карактеристики; Демографски карактеристики; Економски карактеристики; Образовни карактеристики; Миграциски карактеристики; Културолошки карактеристики; Инвалидитет/функционална попреченост. Потоа да се направи една длабока анализа во споредба од последниот попис кој беше спроведен во 2002 година.

Пописот  е значаен затоа што дава детален опис на економски, социјален и животен аспект на една земја. Така ќе може да се креираат политики за конкретни кои се потребни во областа на здравството, образованието, вработувањето, инфраструктурата и др. Откако ќе бидат обезбедени сите податоците и информации ќе помагаат на одговорните државни органи да ги планираат тие политики врз основа на реална база.

Целата колумна на Сафит Зеќири за ЦивилМедиа на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e