Политика на бојкот и лажната надеж

Не знам за вас, но некако мене ми се чини дека бојкотот и лажната надеж се основниот двигател на политиката на ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Еден пријател на шега ми вели: доколку Мицкоски беше лидер на историското ВМРО, се плашам дека денес во учебниците ќе учевме дека комитите го бојкотирале турскиот аскер и така се бореле за слобода и правдини.

Шега на страна, првата стратешка грешка која ја направи ова раководство на ВМРО беше токму бојкотот на референдумот. Тоа беше првата голема политичка одлука која ја донесе Мицкоски, со која одлука направи крупна стратешка грешка заради која се’ уште ВМРО ја плаќа цената и седи во опозиција без изгледи да го промени овој губитнички статус. Одлуката за бојкот беше објаснета како обид за спас на името на државата од предавниците од СДСМ кои сакаат да го продадат името и со тоа да ни ја уништат државата. Ги уверуваа сите партиски членови дека ВМРО ќе го спаси името со бојкот на референдумот, а не со гласање против. Секој што сакаше да излезе на референдумот и да гласа против промената на името го прогласија за предавник, а патриот, според нив, беше секој оној кој го бојкотираше референдумот. Референдумот го бојкотираа, името се смени. СДСМ ги продаде и предаде националните интереси, не’ убедуваа. Народот ова никогаш нема да им го прости, ни велеа. Ни даваа надеж дека брзо и убедливо ВМРО ќе го прегази СДСМ. Па после такво предавство кој би гласал за СДСМ! Ни велеа дека секој оној кој бојкотирал и не излегол на гласање е против СДСМ и дека ВМРО тоа ќе го капитализира на првите наредни избори за претседател на државата. Ни велеа, жена ќе биде, маж испадна. Политиката на бојкот доживеа фијаско. Државата го промени името, кое ВМРО храбро го бранеше со бојкот, а СДСМ убедливо си победи на претседателските избори.
Целата колумна на Никола Тодоров за Дојче Веле на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e