Огромна брука за САД

Пред еден месец, на 25 април годинава, Irish Times објави извонреден осврт од својот водечки коментатор Финтан О’Тул, текст кој го привлече вниманието во целиот свет. Насловот и поднасловот на таа подробна и елоквентно составена анализа ги сумира заклучоците што ги понуди авторот како свој став за начинот на кој САД се справува со епидемијата на ковид-19 во сопствените граници: „Доналд Трамп ја уништи земјата за која вети дека повторно ќе ја направи извонредна“… Низ историјата, вели О’Тул, „светот ги сакаше, ги мразеше или им завидуваше на САД. Сега, за прв пат, ги жалиме.“

Таа анализа беше впечатлива и пред еден месец. Но, нејзината валидност се потврдува и триесетина дена потоа, практично до вчера, кога во САД се надмина бројката од 100.000 починати од корона вирусот. До крајов на оваа недела, за жал, таа трагична бројка ќе биде поголема од комбинираните воени и цивилни загуби на САД во Виетнамската (58.209) и Кореанската војна (36.516), плус војната во Заливот (294) и оние во Ирак (4.497) и Авганистан (2.216). И тоа само во овие, први три-четири месеци од пандемијата.

Американскиот проблем, се разбира, не е само во големината на бројките на починатите. Подмолноста на ковид 19 го изненади целиот свет и може да се тврди, особено ако се „игра“ со споредбените и сè уште некомплетни статистички податоци, дека и многу други земји поминуваат лошо или и полошо во справувањето со вирусот. Светот уште долго ќе се занимава со анализите за поставеноста и структурите на здравствените системи и здравствените политики, како и со тоа кој, како и кога можел и требал да предвиди, да преземе, да одлучи, да пресече, да делува… Итн. Впрочем, таа приказна уште е далеку од својот крај.

Целата колумна на Сашо Орданоски за Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e