Моралните оставки и неморалните прозивки

Ужасната трагедија во Тетово, во која загинаа 14 луѓе кои се лечеа од корона вирусот во модуларната болница и истрагата за причините зошто тоа се случи уште додека траат деновите на жалост станаа помалку значајна тема од оставката на министерот Венко Филипче, како и за оставките на заменикот министер и директорите на клиниката во Тетово. Создавањето на таков амбиент во земјата открива и други мотиви кои не се поврзани со сочуството на загинатите и унесреќените семејства. Лесно е препознатлива срамната манипулација на трагедијата која излегува од рамките на барањата за морална и кривична одговорност за големата несреќа вообичени во вакви ситуации секаде во демократскиот свет.

Значи, тука не станува збор за тоа дали опозицијата, медиумите, невладините организации, јавни личности и граѓаните треба или не треба да бараат оговорност и оставки за она што се случи во Тетово. Тоа е сосема разбирливо и неопходно. Мора да се понесе секакава одговорност. Не може ваква несреќа, како и многу други во Македонија, да заврши без ничија одговорност. Меѓутоа, кога морализираат неморални јавни личности и политички партии кои немаат никаков квалификатив на објективност во своето досегашно дејствување, чии мотиви воопшто не се ниту загинатите луѓе ниту нивните семејства, туку партиски и предизборни интереси, тогаш веќе изнесените оценки за лешинарење и политичка некрофилија се сосема точни.

Целата колумна на Ерол Ризаов за Независен ан следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e