Милошески за Мицкоски: Човекот кој има амбиции да ја предводи Владата, не можел да им даде полош совет на градоначалниците! 

Мицкоски ги собра градоначалниците од неговата партија и им кажал уште во првиот месец од нивното работење, секој од нив да почнел со реализација на 3 капитални проекти!?
За да почне реализацијата на проектите од изборната програма на новоизбраните градоначалници, мора да бидат исполнети неколку услови:
1. Проектите да се влезени во плановите и програмите за работа на локалните самоуправи;
2. Да бидат изработени идејни и основни проекти со потребната техничка документација;
3. Да се обезбедат финансиски средства за нивна имплементација;
4. Да се распишат тендери и да се изврши избор на најповолните понуди.
Без запазување на наведените постапки и чекори, секое отпочнување на градежни или било какви други активности, претставува кривично дело.
Човекот кој има амбиции да ја предводи Владата, не можел да им даде полош совет на градоначалниците!
ФБ статус на Зоран Милошески  

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e