Јовановиќ за ВМРО-ДПМНЕ: Една порака не знаат да смислат, а вамо ќе се грижеле за “сите луѓе”

Наместо “Македонија за сите луѓе”, можеле некреативните да смислат “Македонија подеднакво на сите луѓе”, ама би ги збунило тоа “еднакво”, оти тамо еднаквост нема, тамо има “јас сум главен”, другите се “куш”. Малку натаму, во граѓанско општество има граѓани, луѓе нема. Ако пак се занесува дека е Томас Џеферсон, па тргнува од неговата “сите луѓе се еднaкви”, тогаш може да им се јави контрамисла, “да, ама ние сме поеднакви од другите луѓе”, па повторно би влегле во конфузија.
Да не’ чува Господ од некративни луѓе. Таквите човек најпрво треба да ги пипне дали се живи. Башка лидер што не знае да се насмевне, не може лидер да биде.
Во граѓанско општество нема луѓе, туку граѓани со свои права и обврски. Нашето општествено тело е cives или граѓани, внатре во општеството не обединува законот. Законот е тој што не поврзува, тој ни дава права и одговорности.
Concilium (договор) има сопствен живот, оттука се создава res publica или “јавен ентитет”.
Една порака не знаат да смислат, а вамо ќе се грижеле за “сите луѓе”.
ФБ статус на Ненад Јовановиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e