Јавачите на апокалипсата над Македонија

Ви пренесуваме дел од колумната на Ерол Ризаов за „Независен“:

-Воопшто не беше тешко да се претпостави дека Македонија ќе се соочи со силен притисок и однадвор и однатре да не стане членка на НАТО и на ЕУ. Да не влезе во сојуз со најразвиените, со најмоќните и со најбогатите земји на светот. Ќе речете, со право, не е нормално да се попречува иднината и развојот на една мала и мирољубива, сиромашна, земја, која за никого никогаш не претставувала опасност, освен на самата себе. Да, тоа е логиката на здравиот разум. Но болните и трагични искуства низ целата историја на Македонија кажуваат нешто друго, сосема спротивно на интересите на државата и на граѓаните, обратно на она што е најнормално кога пред себе се има историската шанса еднаш во сто години, а најчесто никогаш.

Можно ли е Македонија да се предаде сама по гладијаторската војна која траеше 27 години во која нема неповредени, особено по добиените последни битки, и на домашната и на меѓународната арена. Ова прашање деновиве го слушам во илјада варијанти, главно од луѓето кои се определиле да го прифатат компромисот со Грција во замена да се ослободиме од ропскиот дух, од криминалот и од корупцијата, од сиромаштијата и бедата, од примитивизмот и провинцијализмот, од омразата и од лагата, од синџирите и прангите за татковината да не ни остане окована во балканштината и заостанатоста, а најмногу да се спасиме од заканата да исчезне, што не е никаква новост и во поновата историја кога ги снемува и многу поголемите држави, на што бевме сведоци.

Мојот одговор е дека Македонија ништо не може да ја запре на патот на прогресот и напредокот, на единствената монументална историска можност сама да ја одреди својата иднина и иднината на своите поколенија, да ја оствари визијата на повеќе генерации за подобар живот, да ја отстрани еднаш засекогаш опасноста од поделба на државата. Ова, драги мои, не е нереален оптимизам на еден старомоден весникар, кој со децении пишува еден ист текст во милион нијанси, дека и на Југославија, а потоа и на Македонија, како самостојна држава, гледано од сите агли и аспекти, и од историски, и национален, општествен, и политички, и економски, и географски, културен, и од цивилизациски, местото им е во Европската Унија и во НАТО. Таа определба не ја наметнува само историската оправданост и закономерност, туку и сите досегашни државни, институционални, политички, владини, парламентарни, партиски, развојни, општествени и економски програми, одлуки, декларации, национални развојни документи и планови, кои се главна стратегија 27 години за иднината на државата. Сите релевантни политички партии, потпрени на определбата на мнозинството граѓани, над 70 отсто, се за тоа Македонија да биде член на евроатлантското семејство.

Целата колумна на „Независен“ на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e