Фуере: Тврдоглавоста на Макрон зададе смртоносен удар на кредибилитетот на ЕУ

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018 година. Во неговата порака, претседателот Макрон истакна дека Преспанскиот договор (со кој земјата имаше прифатено да го промени своето уставно име како замена за грчката поддршка за нашите ЕУ и НАТО аспирации) е клучен за „ плановите што ги имаме за иднината на вашата земја“.

Празно ветување како што се испостави.

Македонската влада, меѓутоа, го зема за збор. Преспанскиот договор беше ратификуван од страна на македонскиот парламент и сега се спроведува, отстранувајќи го она што се сметаше за главна пречка за пристапувањето на земјата во НАТО и ЕУ. Владата направи сé што е во нејзина моќ, со неколку не така незначителни препреки на патот, за да ги исполни барањата за реформа поставени од страна на Европскиот совет во јуни 2018 година. Надежта беше дека ќе биде донесена одлука за отворање на пристапни преговори на јунскиот состанок на Европскиот совет, во согласност со препораките на Европската комисија уште од 2018 година, дека ќе се отворат преговори за пристапување со Албанија и Северна Македонија.

Без да биде донесена одлука во јуни, очекувањата беа дека зелено светло конечно ќе биде дадено на октомвриската сесија на Европскиот совет, барем за Сверна Македонија. Постоеше колебање од страна на мал број на земји во однос на Албанија, поради пролонгирање на реформите и влошената политичка клима во таа земја. А во меѓувреме за Северна Македонија, дури и германскиот Бундестаг повикуваше на отворање на пристапни преговори, постоеше одлука, исто така, поддржана од парламентот во Холандија, земја која првично имаше изразено одредено колебање.

Но, Франција поинаку одлучи, со претседателот Макрон одбивајќи да дозволи било каква одлука, дури и само за Северна Македонија, инсистирајќи дека ЕУ треба прво и пред сé да се концентрира на сопствените реформи пред да се залага за понатамошно проширување. Тој, исто така, повика за нова методологија на преговорите за пристапување.

Со тоа, ги тргна на страна апелите кои беа повторувани од сите шефови на ЕУ институциите и од други ЕУ лидери, посебно од канцеларката Меркел, која се обиде да го убеди за тоа колку е важно ЕУ да ги почитува повторуваните ветувања дадени на регионот на западен Балкан низ годините, како и за стратешките интерси на ЕУ да ги приближи земјите од регионот во ЕУ. Ако ова беше начин на кој Макрон бараше одмазда за колебањето на Меркел во однос на неговите предлози за внатреши ЕУ реформи во текот на псоледните две години, тој секако успеа. Но, по која цена?

Тврдоглавоста на претседателот Макрон ги погоди во срце ЕУ политиките за проширување и зададе тежок, ако не и смртоносен, удар на кредибилитетот на ЕУ во нејзиното најблиско соседство.

Целата колумнана следниот линк!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e