Евроскептицизмот е друго име за диктатура и пљачка

Ги гледам речиси „сите“ дебати на аналитичарите и новинарите-тупсони (ех, што сум безобразен!) како зборуваат на тема „за Европа“, што во дополнителен превод значи: ништо не може да го промени тој вечен рутински тон на селскиот поп, ама затоа лицата ми делуваат така поспано кога мудруваат дека „Македонија нема да влезе во Европската унија уште за многу, многу години“.

И не им е особено мрско тоа што го велат, би се рекло дека повеќе зборуват утешно, отколку што зборуваат во манирот на предупредување, а секако не им претставува ниту манир за жалење.

Оти тој е патриот (да, дури и кога мисли за себе дека е прогресивен и демократичен), тој звучи како патриот во една земја која е во конфузија. Од таквата перспектива се претпоставува дека тој (аналитичарот/новинарот-тупсон!) би знаел што зборува. А знае ли? Па, тоа е големо прашање. Да речеме дека неговата изјава е разумна и оправдана – од неговата точка на гледање.

Македонија денес е во прогресивна парализа; кога мислам на „Македонија“, мислам на нејзиното општество и заедница која е во некаква состојба на конфузија. Нашите огромни проблеми во политиката и економијата, суштинската немоќ и парализа на културата, условени се со непостоење на цивилизирано (и цивилно) општество на чие место е поставена именката „Македонија“ – онаа апстрактна заедница која ја нарекуваат „Македонска“ – и уште поапстрактна држава која постои во меморандуми, резулуции, романи и песни, бидејќи на списокот на европски држави нашата ја нема.

Вие, почитувани, може да се лутите, да негирате, да врескате до небо – каква е таа држава која само ја има на документ, меморандум или некаква блесава резолуција?

Македонија функционира единствено во екстремни ситуации: во војни, во пљачка и во природни катастрофи. Нема, имено, вистинска држава без вистинска нација, а родовска заедница која функционира на „крвна врска“ и псевдомитологија, подложна е на нестабилност, релативност и привид, од проста причина што повеќе припаѓа на светот на животните (читај, природата!), отколку на светот на духот преку кој вистински може да се создаде една држава и нација.

Ние не сме собрани тука како духовни личности, туку сме собрани како биолошки организми, единки. Во такви заедници се губи моторот на напредокот – принципот на слободна личност – а граѓаните наместо субјекти стануваат објекти, збирни именки, атоми на материја кои во суштина не постојат. Да се обидам да опишам во две точки.

Целата колумна на Ненад Јовановиќ за Фронтлајн на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e