Членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ како будалаштина ја оценија резолуцијата на германскиот Бундестаг

Храбриот и пријателски потег на Сојузна Република Германија да донесе Резолуција со која децидно изјавува дека го признава македонскиот идентитет, јазик, култура и историја е чин што несомнено го отвора патот и други држави да го сторат истото.

Со тоа на најдиректен начин ѝ се спротивставува на бугарската антиевропска политика на историски дубиози и ја повика Бугарија да го поддржи патот на Северна Македонија кон ЕУ во рамките на компромисот договорен со Советот и да се воздржи од дополнителни услови.

Но уште повеќе е охрабрување на Владата и нејзините напори да ги обезбеди неопходните услови за продолжување на започнатиот процес на дијалог за брзо интегрирање во Унијата.

Сепак, се чини главната адреса кон која се обраќа Бундестагот е македонската опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, која го кочи овој процес со ирационални барања за потврда на идентитетот на македонскиот народ и јазик од други држави.

Но Германија се одважи и го направи тој исчекор. За возврат, од страна на ВМРО-ДПМНЕ доби шлаканица. Видни членови на партијата со омаловажување ја дочекаа Резолуцијата на Бундестагот.

Додека пошироката јавност, експертите и дипломатите го поздравуваат овој чин на Германија, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека изолационата политика на врхушката на партијата е главна водилка во нејзините меѓународни односи.

Со тоа, не само што самата си прави штета на меѓународен план, туку се заканува дека истата судбина ѝ ја подготвува и на Македонија. Не е голема мудрост од пријателите да создадеш непријатели.

Па така, лидерот Христијан Мицкоски за чинот на германскиот Бундестаг рече дека тоа не било ни пет отсто од она колку требало да се направи за македонскиот народ.

На запад ништо ново, вели Антонијо Милошоски, и друг пат Германија носела резолуција за користење на нашето уставно име, па ништо од тоа не се случило.

Трајко Славески, пак, вели „Германија да беше на некој начин толку вредна да го спречи натамошното вето што го поставува Бугарија, тоа ќе беше направено и до сега. Во секој случај тоа е за поздравување, но не го решава проблемот на намерите на Бугарија“.

Целата колумна на Љубиша Николовски за Фронтлајн на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e