(ВИДЕО) Објавен огласот за доделување државно земјоделско земјиште на најатрактивните парцели

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанстви го објави огласот за доделување државно земјоделско земјиште над 3 хектари за најатрактивните парцели, соопшти Министерот Љупчо Николовски на денешната прес конференција. Со тоа се овозможуваат капитални инвестиции, конкурентни финални земјоделски производи, инвестиции во преработувачки капацитети за стабилен откуп и нови работни места, посочи Николовски. 

„Со огласот ќе бидат опфатени 23 блока односно парцели во 13 региони во државата. Се работи за едни од најатрактивните парцели кои досега не беа во функции.“ – рече Николовски.

Предмет на овој оглас се најатрактивните парцели во државата, а на понудените локации освен примарно производство, заинтересираните треба да понудат и бизнис план за преработувачки капацитети.

Конкретно, со овој оглас се објавуваат над 1.420 хектари државно земјоделско земјиште, на кои освен долгогодишни насади со овошје, лозје, лешници и маслинарци, се отвора можност и за изградба на објекти за примарна обработка на земјоделски производи како винарници, кланички капацитети, центри за преработка на овошје и зеленчук, откупни центри, млинови, оранжерии и други објекти тесно поврзани со земјоделското производство.

Со огласот ќе биде опфатени 23 земјишни парцели во 13 региони, и тоа: Штип, Гостивар, Гевгелија, Куманово, Неготино, Велес, Ресен, Св.Николе, Валандово, Гази Баба, Кратово, Берово и Струга.

На огласот кој што ќе биде по пат на електронско наддавање, имаат право да конкурираат имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.

Во следните 30 дена сите заинтересирани можат да ги достават понудата и другата потребна документација во затворен коверт до МЗШВ. Сите детали околу критериумите, електронското јавно наддавање и потребната документација, денеска ќе бидат објавени и на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Јавниот оглас можете да го најдете на следниот ЛИНК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e