Иако многумина мислат дека тетоважите се безопасни, тоа сепак не е најточно.
Потврдено е дека одредена комбинација на пигменти и игли доаѓа до отпуштање на наночестички метал кои потоа патуваат до организмот, поточно во лимфните јазли.
За време на истражувањето се мислело дека станува збор само за пингментите на тетоважите, но потоа било откриено дека честичките од металите мигрираат со иглите.
Сепак немаат сите причина за грижа затоа што откриено е дека честичките може да се пронајдат само во одредени комбинации на пигменти кои содржат титанов диоксид типичен за белото мастило.
Миграцијата на овие честички може да е објаснување и за алергиските реакции кои настануваат по тетовирањето. Германскиот сојузен иститут за ризик е институцијата која го спровела ова истражување, а авторката Инес Шривер потврдила дека резултатите не можат точно да се одредат во овој момент.
„За жал, денес не можеме да го одредиме точното влијание на човечкото здравје и можниот развој за алергии кој доаѓа поради трошењето на иглите за тетовирање. За точно да бидат утврдени последиците потребно е долгорочно истражување и следење на здравјето на илјадници луѓе во текот на неколку децении“ – заклучила Шривер.