После шест години застој, започната е процедурата за извоз на македонскиот компир на пазарите во ЕУ и во трети земји

После шест години застој, започната е процедурата за извоз на македонскиот компир на пазарите во Европска унија и во трети земји. Ова е еден од  приоритетите, што крајно ќе влијае врз зголемување на откупната цена на компирот. Ова беше потенцирано од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на средбата со земјоделците од Босилово, регион во кој има вкупно 4 откупни пунктови за компир.

34461022_2161076530780541_7723612505548783616_o

-Во следниот период ќе бидеме силно фокусирани на добивање на дозволата за извоз на македонскиот компир во ЕУ и во трети земји, бидејќи Македонија е позната по традиционалното производство на квалитетен компир. Во таа насока, формирана е работна група и во тек се мониторинзи на терен, потенцира министерот Николовски.

34484275_2161076540780540_5763525483333419008_o

34413128_2161076407447220_6239264339103055872_o

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e