Координаторот на седмата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија од собранискиот прес центар побара посебни услови за избор на генерален секретар на Собранието.
Опозицијата бара кандидатот да не биде избран политички, туку преку конкурс, минимум пет години да не биде политички активен, да има проеск минимум 8,5 на факултет, да има положено тоефл сертификат за англиски јазик и да му се изврши психолошки тест.
Според Стевананџија, само ваков профил на генерален секретар на Собранието би бил ефективен генерален секретар на Собранието, а истиот принцип на избор го побара и за заменици на секретарот.
Инаку, денеска на дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувања е предлогот Цветанка Иванова, правник и поранешен пратеник од редовите на СДСМ да биде генерален секретар на Собранието.