Очајот и безидејноста на провмровските портали немаат граници

Очајот и безидејноста на провмровските портали немаат граници.

Тие од една семејна вечера на министерот Николовски креираат прилог со цел да го оцрнат.

kurir ljupcho

Знаат нарачателите дека токму Николовски е тој од кој најмногу се плашат, односно тој е еден од најактивните министри кој за само неколку недели од министерувањето реши огромен број на проблеми на земјоделците кои предходната власт им ги остави.

Па така, според пишувањата на “Курир”, Николовски не смее да излезе на вечера со своите роднини и пријатели кои благодарение на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ беа приморани да се отселат во Шведска, Русија, Германија и иако некои од нив со по два факултети и високи стручни усовршувања, парчето леб го печалат далеку од родната грутка. И сега кога поради летните одмори дел од нив се дојдени во својата земја, повторуваме според провмровскиот “Курир”, не смеат да излезат на јавни места.

Но тоа е стилот на провмровските портали кои со години добиваа огромни суми на пари од институциите и јавните претпријатија раководени од ВМРО-ДПМНЕ и за возврат мора да одработуваат за партијата на осомничениот Груевски и со тоа измислуваат скандали и сеат омраза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e