Со новиот систем за наводнување приходот на земјоделците ќе се зголеми тројно – порача Николовски од Ранковце

„Изградбата на новиот систем за наводнување во Славишко Поле ќе ги зголеми површините за наводнување од 40 на 200 хектари, а приходите на земјоделците ќе се покачат три пати. Системот за наводнување ќе донесе придобивки за повеќе од 250 домаќинства од Ранковце, Гиновце и Псача.“ – ова денеска го истакна Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски при посетата на општина Ранковце, која е една од локациите каде се реализира проектот „Мали нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување“.

31870526_2144869175734610_3148503596845236224_n

Тековниот систем за наводнување во Славишко Поле се состои од привремен зафат на Крива Река, со кој што се наводнуваат до 40 хектри. Новиот систем ќе овозможи наводнување на 200 хектари и ќе донесе придобивки за повеќе од 250 домаќинства кои се занимаваат со земјоделство во Ранковце, Гиновце и Псача.
„Со изградбата на новиот систем за наводнување, многу обработливо земјиште кое во моментов е без вода конечно би било употребливо. Изградбата на системот за наводнување ќе го зголеми приходот за повеќе од 3 пати, што ќе влијае на животниот стандард во општината, имено од моменталните 40 денари по хектар, би биле до 200 денари по хектар. Од друга страна, земјоделците ќе можат да извршат замена на постоечките култури во некои попрофитабилни култури со поголема додадена вредност. Системот за наводнување ќе овозможи одржување и развивање на земјоделските активности за кои луѓето тука имаат традицијата, на начин што ќе се почуствува за целото општество“, порача министерот Николовски.

31958004_2144868995734628_9135566103412473856_n (1)

Раководителот на секторот за соработка на Делегацијата на Европската унија, Никола Бертолини посочи дека Европската го поддржува руралниот развој во РМ и во таа насока е моменталната голема соработка со целата земја и со МЗШВ.
„На овој регион гледаме како еден на кој што му е потребна поддршка. Иако ова едноставен проект, сепак е од многу голема важност за развој на земјоделството. Финансиската поддршка преку овој проект е многу важна, но исто многу поважно е вие да го искористите тоа, мора да соработувате , да работите, да го одржувате и да управувате со овој систем за наводнување“, изјави Бертолини.

Локалните земјоделци изразија задоволство што наскоро ќе добијат трајно и евтивно решение на проблемот со наводнувањето во Славишко Поле и ќе го зголемат своето производство со што ќе станат поконкурентни на пазарот.

31961688_2144869809067880_9066530637342572544_n

Проектот „Мали нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување“ во износ од 1,7 милиони евра е финансиран од Инструментот за претпристапната помош –ИПА” на Европската унија и предвидува изработка на проектна документација за 8 мали системи за наводнување на повеќе локации на територијата на земјава.

naslovn

Освен зголемување на приходите во овој сектор, со проект се очекува и да се ублажат негативните последици од климатските влијанија, сметаат експертите од проектот.

Од страна на консултантската куќа која што изработува проектната документација за системот за наводнување Славишко поле беше посочено дека системот ќе биде пуштен во употреба во сезоната за наводнување во 2020 година. Оваа локација, заедно со уште две ќе влезат во прва фаза за изработка на проектна документација, и за изградба на системот веќе се обезбедени средства од програмата ИПА 2015.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e