Грчкиот парламент со 151 глас изгласа доверба на Владата на Ципрас

Грчкиот парламент со 151 глас ѝ изгласа доверба на Владата на премиерот Алексис Ципрас, јавува  1ТВ. Со ова, владата на Сириза го поплочи патот Парламентот да го ратификува Договорот од Преспа што лани го постигна со македонскиот премиер Зоран Заев, за да му стави крај на деценискиот спор за името.

Со 151 глас „за“, Ципрас го надмина прагот на довербата и избегна распишување на предвремени избори, откако во неделата повика на гласање на доверба по оставката на неговиот коалициски партнер Панос Каменос во протест против Договорот.

За доверба на Владата, освен пратениците на Сириза, гласаа уште шест пратеници: Танасис Папахристопулос и Костас Зурарис од Независни Грци, како и независните пратеници Елена Кунтура, Катерина Папакоста, Спирос Данелис и Василис Кокалис.

Веднаш по гласањето, претседателката на Панхеленското социјалистичко движење Фофи Генимата изјави дека веќе не нема да го покренува прашањето за дисциплина во партијата во однос на гласањето за Договорот од Преспа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e