Борисов ја откажал средбата со Иванов поради неговата ароганција

Бугарските медиуми информираат дека премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, ја откажал средбата со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, кој е во дводневна официјална посета на Софија со сопругата Маја Иванов, каде беше предвидено да се сретне со бугарскиот државен врв.

Како што информира бугарскиот портал „24 часа“причината за откажување на двете средби (со Борисов и Захариева н.з.) е апсолутно арогантното поведение на Иванов да ја прекине по две минути средбата со Заев и Димитров.

Бугарските медиуми пишуваат дека разочарување од Иванов преовладува во целата Европска комисија поради најавеното саботирање на процесот за постигнување договорот со Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e