Анѓушев: Владата не се фали и слика – 325 милиони евра влез на странски инвестиции

„Кога се зборува за економија се потврдува со бројки, а бројките се следни, странските директни инвестиции во првата половина од 2018 година се 325 милиони евра и тие се три пати повеќе од истиот период во 2017 година и се многу повеќе од која било од претходните 5- 6 години за истиот период, односно првото полугодие“, одговори вицепремиерот Анѓушев на прашањето од пратеникот Илија Димовски на денешните пратенички прашања.

„Добар дел од тие средства се реинвестирани од компании кои се присутни во Македонија а се странски, но тој дел не е доминантен. Но и тоа е добар показател затоа што кажува дека тие, странските инвеститори оцениле дека има позитивна клима за да може својот капитал да го реинвестираат“, појасни Анѓушев.

Сепак Анѓушев акцентот го става на новодојдените странски директни инвестиции, за кои вели дека иако дел разговорите ги започнале со претходната влада, сепак овие компании се охрабриле и почнале реални инвестиции и градби според новиот закон за финансиска поддршка.

„Голем дел од овие странски директни инвестиции се ново и свежо дојдени пари од повеќе компании кои сега почнаа физички да се градат. Иако старата влада со 6 од овие компании почнала да разговара, не почнаа да градат тогаш. Ние ги прифативме и ги вградивме во новиот Закон за финансиска поддршка и по тие мерки за кои видоа се поатрактивни. Никој не добил ни милиметар повеќе или помалку туку точно колку што треба според законот и добија таков договор за државна помош. Еден добар дел од нив веќе изградија објектите, фабриките“, одговори вицепремиерот.

Анѓушев својот одговор до пратеникот Димовски го заврши велејќи: Фактот дека не се градело во последната година во Македонија не е точен и тоа е поддржано со факти. А оваа влада не прави театар од својата секојдневна работа и не се фали и не се слика за сето она што треба и за што е задолжена да го направи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e