Жерновски: Не ме интересира агонијата во ВМРО-ДПМНЕ, туку ме интересира тоа што таа агонија ја влече државата надолу

Од кога знам за Мицкоски и советниците ја изговараат флоскулата „ќе победиме“,  па потоа следи бегање од избори. Тоа е евидентно! -рече заменик министерот за надворешни работи и член на Централниот одбор на СДСМ Андреј Жерновски во вечерашното гостување во „Само вистина“ на Канал 5 ТВ.

Мене не ме интересира агонијата во ВМРО-ДПМНЕ, туку ме интересира тоа што таа агонија ја влече државата надолу, порача Жерновски.

Жерновски потсети дека пандемијата беше момент кога се покажуваше солидарност, но, како што рече, за разлика од опозициите во земјите ширум светот ВМРО-ДПМНЕ цело време се однесуваше деструктивно.

Уривањето на безбедносниот систем започна со неказнување, барање на олабавување на мерките, литијата во Струга, снимањето на спотот за полицијата, оротот… Чулев обезбедува клима за што поголем број на заразени, за што според мене не само политички туку и кривично треба да се одговора – рече Жерновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e