Запечатени канцелариите на „Беса транс“

По вонредната инспекција, државниот инспекторат за транспорт ги напушти канцелариите на фирмата „Беса-Транс БТБ“ во Скопје, јави ТВ21. По извршените контроли, инспекторите го затворија објектот и поставија ленти на вратата. Додека трае истрагата, освен надлежните, никој нема да смее да го отвори објектот.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изјави попладнево дека автобусот на „Беса транс“, оваа година имал 113 влез-излез од земјава.

-Во 2021 година имал 113 влез-излез од државата. Тој е произведен во 2007 година, регистриран на 15 октомври оваа година (важност до 13.10.2022), а последниот технички преглед е направен на 5 октомври годинава и притоа не се регистрирани отстапки или укажувања за неисправност, соопшти Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e