Заев за Канал 5: Очекувам истраги за новите аудио бомби, има индиции за криминално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

Во објавените разговори каде се слуша и Мицкоски постојат сериозни индиции за сторен криминал и институциите мора да постапат и да се дојде до разреница и носење одговорност, истакна денеска претседателот Зоран Заев за Дневникот на Канал 5 телевизија.

– Ова што го слушаме овие денови од објавени разговори се сериозна потврда за криминал, за криминално финансирање на политички партии и незаконско финансирање на кампањи. Јас верувам дека ќе се отворат сериозни истраги за ова, заради тоа што нелегално финансирање на политички партии можат да предизвикатт невидени криминални активности. СДСМ е транспарентна политичка партија, својот начин на финансирање јавно го објавува, а како последици на спрегите Камчев-Груевски-Мицкоски, во овој период можеме да видиме како тие си ја финансирале кампањата, а за возрврат на тоа некој да го блокира Законот за Јавно обвинителство или да го уништи Специјалното јавно обвинителство, а се со конечна цел да спаси предмет како што е Империја. Ова се сериозни удари врз правосудството, посебно од некој кој што е аспирант за премиер, тоа е не е дозволиво никаде во светот и не e дозволиво и во нашата земја, порача Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e