Заев и Спасовски на средби со жители на Стајковци: Се определивме за политики на рамномерен регионален развој

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и потпретседателот на СДСМ и носител на листа во ИЕ 2, Oливер Спасовски, се на средби со жители во селото Стајковци, кое припаѓа на скопската општина Гази Баба во оваа изборна единица.

На средбите беше нагласено дека СДСМ покажа дека се грижи правично и подеднакво за сите граѓани и дека тоа носи сигурност во државата.

Претседателот на СДСМ, Заев и носителот на листа, Спасовски, разговараа со жители чии домови беа погодени од поплавите во 2016 година. Тие и денес зборуваат за пружената помош и солидарност од страна на претседателот Заев, носителот на листа Спасовски, сегашниот градоначалник Борче Ѓеоргиевски, СДСМ и ги нагласуваат вложувањата во општината Гази Баба во последниве две ипол години.

„Се грижиме правично за сите затоа што ова е држава на сите. Се определивме за политики на рамномерен регионален развој. Вложено е многу во инфраструктурата и овде во Гази Баба, а можеме и уште повеќе и уште подобро, но мора да продолжиме по правиот пат што овозможува социјална и економска сигурност. По НАТО, ги почнуваме интеграциите и во ЕУ, а тоа носи и 2.5 милијарди евра пари од европските фондови за модерни патишта, водоводи, канализации, за европско земјоделство. Овозможивме сигурна и насочени сме кон правичност и правда“, рече претседателот Заев.

Претседателот на СДСМ, Заев и носителот на листа, Спасовски положија цвеќе на споменик на загинат полицаец во случувањата кај Диво Насеље.

Споменикот е подигнат во кругот на полициската станица, каде во 2018 година почна со работа првата канцеларија за превенција.

Со жителите беше разговарано за придобивките од отворената канцеларија за превенција и за новата градинка во селото Стајковци.

„Вложуваме во сите средини подеднакво и во урбаните и во руралните средини, го знаете тоа вие овде во Стајковци. Сакаме децата да имаат квалитетно предучилишно образование и затоа вложуваме во градинки. Што се однесува до канцеларијата за превенција, целта ни беше да придонесеме кон јакнењето на свеста дека луѓето треба да бидат партнери со полицијата. Преку проектот МВР за граѓаните, полицијата се доближува до секој граѓанин, успеавме да ја вратиме довербата на граѓаните во полицијата и така ќе продолжиме да работиме. Нашата цел е ред, дисциплина и правда, а полицијата има важна улога во тој процес“, рече Спасовски.

На средбите беа споделени информации за вложени 1.920.000 евра за патна структура во општината Гази Баба, реализирани 2 проекта за водовод и канализација и 8 коишто се во тек, за вложени 12.543.248 денари за проекти за регионален рамномерен развој, за 4 реализирани проекти за градинки, 5 за образование, за доделени по 10.000 евра на тројца млади земјоделци, преку истоимениот проект. Определени сме кон сигурност, правичност и правда и можеме заедно уште повеќе и уште подобро, констатирано е на средбите на претседателот Заев и на носителот на листа во ИЕ 2, Спасовски во Стајковци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ БРАН ВО ЕВРОПА: Од недела температури и до 44°C

Прв случај на Зика вирус во Македонија, заболениот се вратил од Малдиви

Скопје денес домаќин на Парадата на гордоста

МВР ги смени правилата: На полицајците им се дозволува носење уредна брада и тетоважи на рацете

Истрагата потврди: 25-годишниот сериски убиец од Нагоричане задоволувал полови страсти врз жртвите

Кривична за доктор и медицинска сестра, се обиделе да криумчарат 199 вијали со ботокс

Откажана најавената двочасовна блокада на границата со Бугарија

Радев одби средба со Мицкоски: „Немаме што повеќе да си кажеме“

Одземено „Порше“ – приведен возач од Србија кој управувал со 188 километри на час

Македонска државјанка почина на плажа во Халкидики

Зајкова: Доста со „шурење” на граѓаните – во државава мора да има социјална одговорност

Уапсен Илчо Ѓорѓиоски за финансиски малверзации додека бил прв човек на ФФМ

Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица, 500.000 евра или повеќе? – прашува СДСМ

КОЈ РАЧЕН БАГАЖ БЕСПЛАТНО ЌЕ БИДЕ ВКЛУЧЕН ВО ЦЕНАТА НА АВИОНСКИОТ БИЛЕТ – од 2027 година стапува новиот закон во ЕУ

Петмина скопјани под истрага за тероризам: Формирале група и ширеле пропаганда на ИСИС

Експертите предупредуваат: Сè поголем ризик од суша во Македонија

На Богородица запленет златен накит вреден 1,1 милиони денари, двајца осомничени

Гром усмрти маж во Чачак – Невреме доаѓа и кон Македонија

e