Заев: Од јануари просечната пензија ќе изнесува околу 15.500 денари

Ако останевме на стариот модел од претходната Влада, пензионерите ќе добиеја зголемување од само 400 денари, а ние за цела следна година ќе даваме околу 10.000 денари повеќе или околу 850 денари месечно, изјави денеска премиерот Зоран Заев пред претставниците на здруженијата на пензионерите, објаснувајќи ги мерките за поголеми пензии.

На средбата во Сојузот на пензионерите, на која учествуваше и министерот за здравство Венко Филипче, премиерот Заев истакна дека покачувањето на пензиите е најавено уште во април оваа година, кога стана јасно дека економските мерки даваат резултати и дека приходите растат што овозможи Буџетот за 2020 година да биде посветен на човечкиот капитал и на грижата за пензионерите.

– И тоа не е симболично покачување. Напротив. Од јануари во 2020 година просечната пензија со предвиденото покачување ќе изнесува околу 15.500 денари. Владата за 2020 година предвиде покачување од 700 денари и дополнително усогласување од околу 200 денари, што значи дека пензиите ќе пораснат за околу 900 денари, рече Заев.

Во своето обраќање пред пензионерите, премиерот соопшти дека во Владата се прават анализи за подобрување и осовременување на системот на пензионерските и домовите за возрасни лица со вклучување на економски мерки, односно субвенции за инвестициите кои ќе вклучат грижа и поволни услови за изградба на домови за пензионерите.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e