Заев од Чаир: Го градевме концептот едно општество, но градевме и патишта низ целата држава

„И во време додека ги решававме отворените прашања и додека го трасиравме патот кон НАТО и ЕУ, постигнавме клучни успеси и на домашен план, успеси во економијата, во инфраструктурата“, порача претседателот Зоран Заев на граѓанската трибина во Чаир.

„Додека ги решававме споровите со Грција и Бугарија, додека го градевме концептот „едно општество“, градевме и патишта низ целата држава. 750 километри патишта се изградија 750 километри патишта. Се гради интензивно Кичево – Охрид, се градат експресни патишта Штип – Кочани, Штип – Радовиш, а почна да се гради и автопатот Скопје – Блаце. Обезбедивме 70 милиони евра за локални патишта и 55 милиони евра за водоводи и канализација. Докажавме дека има пари за се во државата и да градиме патишта и водоводи и да враќаме пари кај граѓаните преку Мој ДДВ, преку раст на платите и пензиите. Постигнавме многу, ќе покажеме дека можеме и уште повеќе и уште подобро“, заклучи Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e