Заев: Обврската кон татковината ни е заедничка, оваа одлука е за пат Напред и Заедно или Назад и поделби

Претседателот на СДСМ и премиер, Заев, од Битола, испрати повик до мајките Македонки, Албанки, Турчинки, Влаинки, Ромки, Босанки, до татковците, до младите од сите етнички заедници на одговорност за иднината и во име на натамошен економски напредок на државата.

-Од мултиетничка Битола ја испраќам пораката, направете чекор за вашите деца, се одлучува идниината на земјата, порача претседателот на СДСМ и премиер, Заев.

Тој испрати три пораки.

-Испраќам порака до режимот, никогаш повеќе режим. Го поставивме системот, нема да дозволиме да се врати режимот. Гордана Силјановска е скриено лице на режимот. Лице на прогресот и напредокот е Стево Пендаровски. Втората порака е за правната држава. Силјановска зборува за правдата, и самата призна, бидејки на анкетите граѓаните сакале да слушаат за правда. Таа не применува ни П од правдата. Сака амнестија за криминалци. Криминалците ќе одговараат. Со Стево Пендаровски ќе има правда, правдата ќе блеска. И третата порака е до оние кои останаа дома, кои гласаа за Блерим Река, налитени, оние кои мислат дека можело без нив, дури и до дел од оние кои гласаа за Силјановска: обврската кон татковината ни е заедничка, оваа одлука е за пат Напред и Заедно или Назад и поделби. Прстот на чело, да донесеме одговорна одлука, целиот свет го поздравува овој пат по кој одиме, да го избереме Стево Пендаровски за претсдедател на државата, порача на завршната трибина со граѓаните во Битола, претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e