Заев: Нема да пропуштам ниедна можност која ќе значи зајакнување на кохезивниот фактор во нашето општество

„Јас верувам во целосна, комплетна еднаквост во нашето општество. Но таа сеуште не е постигната и треба уште да работиме на тоа. Немам предрасуди. Нема да пропуштам ниедна можност која ќе значи зајакнување на кохезивниот фактор во оваа наше општество, зајакнување на едно општество за сите, со уште повидливи резултати“, изјави вечерва премиерот Заев во интервју за ТВ Шења.

– Ние сме една голема коалиција, каде што има три албански партии, две турски, четири ромски партии, влашка патија, српски партии…и опстојуваме и имаме добра соработка. Така да, во делот со коалициите, одлука ќе донесеме во соодветно време, посочи Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e