Заев: Груевски од Будимпешта ги состави кандидатските листи

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во вечерашниот дуел на МТВ го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека се уште е под целосна контрола на Никола Груевски, кој, како што наведе, од Будимпешта им ги напишал и изборните листи.

– Не знам зошто сте преокупирани со мене. Па вам Груевски ви ги напиша листите, вам парите ви ги даде тој, вие сте целосно под негова контрола, па истите негови кадри ги ставивте кандидати за пратеници. Цела јавност виде како сте краделе, кој кому давал пари, се виде кој е близок со Орце Камчев, самите си признавте на снимките дека сте оделе кај него, па не ве виделе вас, туку ви го виделе возилото, и на што одевте, на примање пари, рече Заев.

Мицкоски му реплицира дека, напротив, Заев и СДСМ се преокупирани со Никола Груевски.

– Не може да зборувате за иднината, а не го вадите од уста Никола Груевски. СДСМ живее во паралелен свет каде што единствено нешто што ги интересира е Никола Груевски, а не реалноста во која што пливаат во лаги, невистини и очај, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека претседател на ВМРО-ДПМНЕ е тој, а партијата се раководи по одлуки донесени на Извршниот и Централниот комитет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e