За два дена до УЈП поднесени се вкупно 27.100 барања за користење на мерките за месец мај

Заклучно со вториот ден од јуни, од страна на работодавачите и самовработените лица до УЈП поднесени се вкупно 27.100 барања за користење на мерките за месец мај, информира Сања Лукаревска, директорка на Управта.
📄За мерката – Финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност, образец БФС-СВД поднеле 4.733 самовработени лица од кои 4.064 барања се прифатени.
📄За мерката – Финансиска поддршка за исплата на плата за мај, образец БФП-ИП поднеле 20.127 компании од кои 16.610 барања се прифатени.
📄За мерката – Субвенционирање на исплатата на придонеси од задолжително осигурување образец БС-ПЗСО поднеле 2.240 компании од кои 1.909 барања се прифатени.

Мерките се реални, мерките се остваруваат, поднесете барање БФС-СВД или БС-ПЗСО до 5 јуни, односно барање БФП-ИП до 7 јуни, порача Лукаревска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e