Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Социјалдемократскиот Сојуз дека е на пат да ја втурне земјата во провалија.
Тие во своето соопштение потенцираат дека СДСМ се виновни за иселување на граѓани од Северна Македонија, дека се на пат да го уништат земјоделието и да ги колабираат здравството, образованието и безбедносните служби.
„СДСМ е на прав пат Македонија да ја втурне во провалија. Заев и екипата околу него се на прав пат да ги наполнат своите приватни конта, додека граѓаните гладуваат.
СДСМ е на прав пат да исели уште 1.000 луѓе за еден ден во градови како Делчево, Берово, Виница или Македонска Каменица.
СДСМ е на прав пат да го уништи земјоделието. Со СДСМ на власт родот наместо на пазар завршува на буниште.
СДСМ е на прав пат да го колабира здравството. Министерот и директорот на ФЗО наместо за подобро здравство работат за криминалот на Заев.
СДСМ е на прав пат да го осакати образованието. Учениците и по еден месец откако почна учебната година немаат учебници.
СДСМ е на прав пат да ги понижи безбедносните служби. Полицајците и војниците носат скинати униформи.
СДСМ е на прав пат за во опозиција. Предвремени избори час поскоро. Граѓаните ќе му го покажат патот на СДСМ“, стои во соопштението за јавност од ВМРО-ДПМНЕ.