ВМРО-ДПМНЕ: Заев го стави на ризик животот на илјадници

Желбата на Заев за власт ги чини граѓаните здравје, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Секојдневните трицифрени бројки од новозаболени од Ковид-19 ја потврдуваат неспособноста на СДСМ.
Бројката која надмина 3.150 заразени е катастрофална. Во ваква ситуација е ненормално СДСМ и Заев уште да зборуваат за избори на 5 јули.
На листата на „Форбс“ сме рангирани на 103-то место во светот, односно се наоѓаме во групата на небезбедни држави по однос на справување со епидемијата.
Но за жал, тоа не е доволно за СДСМ да се откажат од идејата да се одржат брзи избори.
Зоран Заев го стави на ризик животот на илјадници, па со конфузни мерки направи хаос во државата.
Додека неговите функционери се шетаа низ Маврово и Берово народот беше затворен во четири ѕида.
ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. СДСМ за три години донесе хибриден режим, растечка корупција и криминал и сиромаштија во целата држава.- порачуваат од опозициската партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e