(ВИДЕО НАЈАВА) Вечерва во 360°: Бучковски, Клековски и Селмани дебатираат за кампањата и изборниот исход

На пет дена до гласањето и два дена пред да стапи во сила молкот, разговараме за досегашниот тек на кампањата и можниот исход од изборите. Кој како се позиционираше, какви пораки се испратија кон гласачите, а какви меѓу ривалите на изборите? Какво е нивното значење за одлуката на граѓаните на 15 јули, а какво за постизборните преговори за составување влада? Кој со какви шанси влегува во последните метри од трката пред линијата за финиш? Овие прашања вечерва ги дебатираме со експремиерот и универзитетски професор Владо Бучковски, аналитичарот и универзитетски професор Башким Селмани и аналитичарот и поранешен долгогодишен лидер во граѓанскиот сектор Сашо Клековски.

Емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат вечерва почнува во 21:40 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e